Ред Бул шокиран во Сингапур, нова пол-позиција за Сајнц

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, ја освои пол-позицијата во квалификациите и ќе стартува од првото место на трката за ГН на Сингапур која се вози викендов.

Сајнц имаше одлично возење и заврши на лидерското место. Веднаш зад него е Џорџ Расел од Мерцедес, кој се погрижи да ги „раздвои“ Фераријата, затоа што од третото место тргнува Карлос Леклерк.

Ред Бул имаше ужасни квалификации, затоа што во вториот квалификациски круг испаднаа Макс Верстапен и Серхио Перез. Верстапен заврши единаесетти, а од најдобрите десет и влезот во третите квалификации го „исфрли“ Лиам Лосон од Алфа Таури. Перез, пак, заврши како тринаесетти.

Трката за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина Беј“ се вози утре (недела) од 14:00 часот.