Ред Бул сака да ги задржи Верстапен и Албон за 2021 година

Верстапен

Шефот на екипата на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја потврди намерата да се задржи дуото Макс Верстапен и Александер Албон и во наредната сезона.

По објавувањето на трансферот на Себастијан Фетел во Астон Мартин, и потенцијалното заминување на Серхио Перез од тимот, се појавија многу шпекулации за можноста Мексиканецот да се приклучи на редовите на тимот со седиште во Велика Британија.

„Наша намера е апсолутно да ги задржиме нашите сегашни возачи. Алекс Албон е нашата претпочитана опција. Неизбежно, мора да бидеме свесни за другите опции што постојат, но нашето апсолутно претпочитање е сегашното“, изјави Хорнер.

Ред Бул е една од ретките екипи која им прави проблеми на доминантните возачи на Мерцедес.