„Рeд Бул Ринг“ доби нов договор, ГН на Австрија останува во календарот

Хелмут Марко, советникот на Ред Бул, изјави дека договорот за „Големата награда на Австрија“ во Формула 1 е продолжен и оваа земја веќе е во календарот и во следните сезони. 

„Договорот е потпишан за неколку години. Очекуваме да видиме на Големата награда на Австрија голем број на фанови на Макс Верстапен од Холандија, околу 30-40 илјади луѓе. Оодушевени сме што ќе можеме да продолжиме да бидеме домаќини на една од најголемите спортски настани во Австрија“, изјави Марко.

Трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Австрија се одржува на патеката „Ред Бул Ринг“ која е во сопственост на истоимената австриска компанија.

Трките во Формула 1 на оваа патека се одржуваат од 2014 година.