Ред Бул не се предава и го унапредува болидот на Макс Верстапен

Советникот на Формула 1 тимот, Ред Бул, Хелмут Марко, потврди дека се планира унапредување на болидот за следните две трки, што може да претставува голем поттик за нивниот возач, Макс Верстапен. 

„Биковите“ планираат унапредување на болидот за трките во Белгија и Унгарија, кои се возат пред двонеделната пауза во месец август. 

Тоа ќе му даде нова можност на Верстапен посериозно да му се спротивстави на тимот на Мекларен, каде возат двајцата водечки во генералниот пласман, Оскар Пјастри и Ландо Норис. 

Иако Верстапен извозе најдобро време за пол-позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија, сепак, на крајот возачите на Мекларен ја минаа целта дури 35 секунди пред конкуренцијата. 

Четирикратниот светки шампион беше особено гласен после петочниот слободен тренинг, често истакнувајќи ги проблемите со болидот РБ21. Следната трка ќе се вози во Спа-Франкошам. 

ФОТО/PHOTO: Orange Red Bull Racing/Facebook