Реб Бул го претстави новиот болид, Верстапен веднаш тестираше на „Силверстоун“

Продолжуваат презентациите на формула 1 тимовите за Светскиот шампионат 2020 година. Екипата на Ред Бул попладнево првпат го покажа болидот со ознаката „РБ16“, со кој ќе сезонава ќе ги напаѓа титулите во конкуренција на возачите и конструкторите.

Предвиден е пробен тест на патеката „Силверстоун“ во текот на денот, а зад воланот ќе седне Макс Верстапен, кој се обврза на верност со Ред Бул до 2023 година. Следната недела на патеката во Барселона ќе тестира и вториот возач на Реб Бул, Александер Албон.

Деновиве своите болиди за новата сезона во јавноста ги презентираа Хас, Мерцедес и Ферари. Новата сезона во Формула 1 започнува на 15 март со трката за Големата награда на Австралија, на „Алберт парк“ во Мелбурн.