• Саше Љолес
Џорџ Расел е победник на трката за Големата награда на Азербејџан, која се возеше низ улиците на главниот град, Баку.
Возачот на Мерцедес беше одличен и заслужено се најде на највисокото место на пиедесталот, каде му се придружија двајцата колеги од тимот на Ред Бул, Макс Верстапен и Исак Хаџар.
Четвртата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари, а петтопласиран е Кими Антонели, кому му заврши серијата од петнаесет трки во кои барем накратко ја имал лидерската позиција.
Вреди да се одбележи и катастрофалниот настап на возачите на Мекларен, кои не ја завршија трката.
Антонели останува лидер во генералниот пласман (302 бода), но сега со помала предност пред Џорџ Расел, кој стигна до 236 бодови. Следната трка во Формула 1 ќе се вози на четврти октомври, за Големата награда на Бахреин.