Расел: Пеколна борба... кога станав прв видов дека батеријата ми е скоро празна

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека е неверојатно чувство да се победи на трката во Формула 1 во Австралија, откако имаше лош старт и го загуби првото место од возачот на Ферари, Чарлс Леклер.

„Чувството е неверојатно, беше пеколна борба на стартот. Знаевме дека ќе биде предизвик, а кога се искачив на прво место видов дека батеријата ми е практично празна. Имав лош старт и секако неколку многу тесни битки со Леклер, па затоа бев многу среќен кога ја поминав целта“, рече Расел.

Расел го забележа својот шести триумф и 25-ти вкупен подиум во Формула 1 на првата трка од сезоната на патеката Алберт Парк во Мелбурн.