• Саше Љолес
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, не го криеше задоволството по триумфот на Големата награда на Австрија, истакнувајќи дека победата е резултат на големата работа и посветеност на целиот тим во изминатиот период.
Британецот на патеката Ред Бул Ринг стигна до својата седма победа во кариерата, а втора оваа сезона, откако претходно славеше и на отворањето на шампионатот во Австралија.
„Феноменално чувство е повторно да се биде на највисокото скалило на победничкиот подиум. Помина доста време од последната победа, па сигурно ќе уживам вечерва.
Заедно со тимот работевме многу напорно за да се вратиме на вистинскиот пат. Очигледно е дека во еден период имавме тежок период кога станува збор за резултатите. Честитки за сите во екипата, но и за нашите верни навивачи“, изјави Расел.
Зад возачот на Мерцедес заврши Макс Верстапен од Ред Бул, додека третото место му припадна на неговиот тимски колега, Андреа „Кими“ Антонели.
Расел по трката нагласи дека Ред Бул бил исклучително конкурентен во Австрија, но дека Мерцедес успеал максимално да ја искористи својата шанса и да стигне до вреден триумф.