Расел ќе тргне прв во Лас Вегас, сензационален пласман на Гасли

Џорџ Расел ќе тргне прв на трката за Големата награда на Лас Вегас, откако извозе најбрз круг во саботните квалификации. 

Британскиот возач на Мерцедес имаше најбрзо време од 1:32,312, победувајќи ја конкуренцијата за минимална маргина. Карлос Саинц ќе почне од второто место откако доцнеше само 0,098 секунди. Сензационален е пласманот на Пјер Гасли кој ќе тргне од третото стартно место. 

Друштво во вториот стартен ред ќе му прави Шарл Леклер, а зад него ќе тргнат кандидатите за титулата Макс Верстапен и Ландо Норис. Во топ десет се уште Јуки Цунода, Оскар Пиастри, Нико Хулкенберг и Луис Хамилтон. 

Трката за Големата награда на Лас Вегас се вози в недела од 07:00 часот наутро.