Рамото сè уште прави проблеми: Маркез ќе мора и на трета операција

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез утрово беше примен во болница во Мадрид, а како што објавуваат тамошните медиуми, наскоро ќе му биде извршена и третата операција на рамото, со цел да се санира повредата со која се здоби на трката во Херез на 19 јули.

Возачот на Хонда поради незгодната повреда ја пропушти речиси цела сезона, иако неговиот тим направи секакви напори да го врати на патеките, но наместо на тоа, тој завршување во операциона сала.

Првата операција ја имаше на 21 јули и беше утврдено дека радијалниот нерв не е загрозен, што беше од клучно значење за Маркез. 

По првичните прегледи и операцијата се сметаше дека повредата не е толку сериозна и Маркез по само четири дена им се врати на тренинзите, но откако ситуацијата се компликува веќе неколку месеци неговата кариера е во мирување.