Раиконен и Фетел со најбрзи пит-стоп застанувања во 2015 година

Ферари

Екипата на Ферари ги имаше најбрзите застанувања во пит-стоп во изминатата сезона.

Кими Раиконен и Себастијан Фетел можат да се пофалат дека ги имаат најбрзите механичари во Формула 1 шампионатот. Тие беа најбрзи на шест трки, поради што ја добија наградата која ја доделува компанијата ДХЛ. Екипата од Маранело беше најбрза во Монако, Јапонија, Русија, Мексико, Малезија и Шпанија. Најбрзото време изнесуваше 2.2 секунди.

Сезоната во Формула 1 заврши со светска титула за Луис Хамилтон кај возачи и Мекларен кај конструктори.