Првата етапа од Лима до Писко за Ал Атијах и Борт

Со „загревањето“ од Лима до Писко и официјално започна најлудото натпреварување во мото-спортот, популарното Дакар Рели. 

И покрај сериозните проблеми во песочните дини, првата етапа помина без посериозни инциденти. Кај автомобилите, возачот на Тојота, Насер Ал Атија, забележа најдобро време од еден час, една минута и 59 секунди, со што зад себе ги остави Карлос Саинц од Мини, кој заостанува за само една минута и 59 секунди, додека Јакуб Прзигонски успеа да стигне како трет со две минути заостанување.

Кај моторциклите пак, уште од првиот ден имаше неколку откажување, меѓу кои и на  српскиот моторциклист Габор Сагмаистер од КТМ. Прв на целта од првата етапа пристигна Хуан Бареда Борт со време од 57 минути и 36 секунди, втор беше Пабло Кинтанила, а солидно време имаше Рики Брабек, кој заврши како трет.