• Мартин Танасковски
Италијанскиот возач Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата за Големата награда на Франција, петтата трка од сезоната во Мото ГП.
Возачот на Дукати во квалификациите на патеката Бугати во Ле Ман постави најбрзо време од 1:29.634 минути и стигна до својата прва пол-позиција оваа сезона, а прва уште од трката во Сепанг минатата година.
Веднаш зад Бањаја заврши неговиот тимски колега Марк Маркес, кој заостана само 12 илјадитинки, додека третото место го освои Марко Бецеки со Априлија.
Спринт трката на патеката „Бугати“ е закажана за денес од 15:00 часот, додека главната трка за Големата награда на Франција ќе се вози в недела од 14:00 часот.