• Иван Димовски
Седумкратниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон дојде до првата победа во црвениот болид на Ферари. Британскиот возач беше најбрз на спринтот кој се вози во Шангај за Големата награда на Кина.
Хамилтон имаше најбрзо време во квалификациите и пол-позиција. Потоа, искусниот Британец знаеше како да го одбрани врвот од конкуренцијата и доминантно стигна до победата. Хамилтон имаше предност од речиси седум секунди пред конкуренцијата, односно Оскар Пиастри кој тргна трет, а заврши на второто место.
На подиумот заврши уште шампионот Макс Верстапен. Потоа следеа Џорџ Расел, Шарл Леклер, а во бодови беа уште Јуки Цунода, Кими Антонели и Ландо Норис.
Главната трка во Шангај се вози в недела во 08:00 часот.