Прв позитивен случај во Мото ГП: Валентино Роси заразен со ковид-19!

Роси

Возачот на Јамаха, Валентино Роси, добил позитивни резултати на коронавурисот, пренесуваат од неговата екипа.

Меѓу возачите ова е втор случај, но прв во Мото ГП класата. Италијанецот нема да биде дел од трката во Арагон, а ќе се врати на патеките кога ќе добие негативен тест.

Веста ја соопшти и големиот шампион кој на социјалните мрежи напиша:

„За жал, кога се разбудив утрово, не се чувствував добро. Ме болеа коските и имав лесна треска, веднаш отидов на лекар и двапати бев на тест. Брзиот ПЦР тестот покажа дека сум негативен, исто како и тестот што го направив во вторникот. Но, вториот тест, чиј резултат го добив во 16:00 часот, беше, за жал, позитивен. Разочаран сум што ќе ја пропуштам трката за ГН на Арагон“.

Засега јавноста нема детални информации околу конкретната состојба во која што се наоѓа Роси.