• Саше Љолес
Шарл Лекер конечно се израдува на првата победа во својот роден град и триумфираше на трката за Големата награда на Монте Карло. Ова е прв успех во Формула 1 за возач роден во кнежевството по далечната 1931 година, а радоста кај победникот и навивачите беше неизмерна.
Трката започна со сериозен инцидент во кој најдебелиот крај го извлече Серхио Перез, а во продолжение Леклер на доминантен начин ја мина целта, оставајќи ги зад себе Оскар Пјастри од Мекларен и својот тимски колега, Карлос Сајнц. И двајцата доцнеа зад победникот нешто повеќе од седум секунди.
Актуелниот лидер во генералниот пласман, Макс Верстапен, заврши на шестата позиција, а на четвртото и петтото место се пласираа Ландо Норис и Џорџ Расел.
Верстапен останува на првото место со 161 бод, Леклер сега има 113, додека Серхио Перез има четири бода помалку. Следната трка во Формула 1 ќе се вози за Големата награда на Канада, која е закажана за викендот меѓу седми и деветти јуни.