Пронајдено ферарито на Герхард Бергер украдено во 1995 година!

Поранешниот австриски Формула 1 возач, Герхард Бергер, конечно ја дочека полицијата да го пронајде неговото ретко Ферари кое беше украдено во 1995 година.

Лондонската метрополитенска полиција потврди дека е пронајдено „Ferrari F512M“, коe беше украденo од Бергер во 1995 година. Последниот модел на познатата Тестароса, откако беше украден од австриски возач, беше пренесен во Јапонија.

Моделот, кој е произведен во само 75 примероци, само за американски пазар, беше украден од поранешниот возач на Ферари, Мекларен, Ероус, Бенетон за време на тркачкиот викенд во Сан Марино во 1995 година.

Возилото од 350.000 фунти поминало 28 години во Јапонија пред да се врати во Велика Британија на крајот на минатата година, кога му било влезено во трага. Сè уште никој не е уапсен.