Промената на болидите во Формула 1 се откажува за една година

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Брон најави дека промените кои требаше да се направат во конфигурацијата на болидите, ќе се одложи на уште една година, поради здравствената криза. 

Според договорите на тимовите од идната година требаше да се направат промени на болидите и истите да се упростат. Сепак, Брон изјави дека поради вирусот, измените ќе се случат 2022 година. 

„Мислам дека постои оправдана потреба поради вирусот, промените ќе се префрлат во идната година. Болидите сега се толку сложени, па колку повеќе пари потрошите тие се побрзи. Мораме да направиме промени бидејќи недозволиво е парите да бидат најбитен критериум на конкурентноста. Секако ние сакаме да победуваат најдобрите, мора да се задржи интегритетот на Формула 1“, изјави Рос Брон. 

Директорот најави дека преговорите за ограничување на буџетот се при крај и тимовите во 2021 година ќе имаат лимит на трошење. Коронавирусот веќе откажа голем број на трки, а сè уште не се знае кога сезоната ќе започне.