Проблемите за Роси продолжуваат, пак е позитивен на ковид-19

Италијанскиот МотоГП возач Валентино Роси се соочува со нов проблем затоа што даде позитивен тест на ковид-19 пред новата трка која ќе се вози во Валенсија претстојниот викенд.

Членот на Јамаха пропушти две трки поради коронавирус, а откако направи тестирање и беше негативен, доби зелено светло да вози за трката за ГН на Европа, ама не успеа да заврши поради технички проблеми.

На најновите тестирања, популарниот „Доктор“ повторно е позитивен. Роси ќе направи уште еден тест во наредните денови, за да се биде сигурно дека се работи за точни резултати.