Проблем за Мерцедес: Хамилтон го искрши болидот на „Спа“!

Актуелниот шампион во Формула 1, британскиот возач Луис Хамилтон, се соочи со проблем на слободните тренинзи пред трката за ГН на Белгија затоа што со својот болид заврши во ѕидот.

Хамилтон за време на третиот слободен тренинг излета од патеката и се судри во заштитната ограда на патеката во Белгија. Предницата на болидот е уништена, од Мерцедес најавија дека ќе ја менуваат, а според првичните информации, моторот нема оштетувања.

Луис Хамилтон при инцидентот не се здоби со повреди и немаше потреба од медицинска помош.

Хамилтон е лидер во генералниот пласман во Ф1, а квалификациите за ГН на Белгија се во наредните часови.