Притисокот го „изеде“ Лосон, Ред Бул ќе го менува со Цунода?

Притисокот на еден од најдобрите тимови во Формула 1 го „јаде“ младиот Лиам Лосон кој доби шанса да вози во Ред Бул. 

Сепак, по само две трки возачот од Нов Зеланд може да биде заменет. Во Ред Бул веќе размислуваат од следната трка во Јапонија да одат со нов возач. Лосон не ги оправда очекувањата, а за потенцијалната замена веќе зборуваше Хелмут Марко. 

„Додека Верстапен ни спасуваше бодови, Лосон заврши дури на 15. место и остана без ниту еден бод во двата викенди. Јуки Цунода покажува целосна подготвеност да скокне во предизвикот“, прокоментира Лосон.

На првата трка Лиам Лосон немаше ниту пласман, а во Шангај заврши на 15. позиција без бодови. 

Ред Бул ќе одлучуваат дали да направат промена и да го пуштат Јуки Цунода во Ред Бул, а да го вратат Лиам Лосон во Рејсинг Булс.