• Зоран Мишевски

Формула 1 тимот на Алфа Ромео денес го покажа болидот со кој ќе се натпреварува во новата сезона во Формула 1, која почнува следниот месе. Болидите на Алфа Роме и оваа сезона ќе ги возат финскиот ветеран Кими Раиконен и младиот Антонио Џовинаци.
Двајцата возачи имаат на располагање болид кој не се разликува премногу во однос на аеродинамиката и предниот браник, па фановите не се премногу воодушевени.
Претходно месецов своите болиди ги претставија Мекларен и Алфа Таури. Новата сезона ќе започне на 28 март во Бахреин.