• Сашо Поповски

Крајот на тековната сезона би можел да донесе големи промени во редовите на Ферари.
Италијанската екипа нема посакувани резултати, ја губи битката со главниот ривал Мерцедес, а сега би можела да остане и без Себастијан Фетел. Наводно, Германецот размислува да замине во пензија, што ќе остави празно место во екипата.
#F12019 Sebastian #Vettel prossimo al ritiro a fine stagione? --> https://t.co/9RKHDexY33 pic.twitter.com/wxL7NUmJJ2
— Infomotori.com (@Infomotori) May 28, 2019
Шпекулациите за негова замена веднаш започнаа. Некои од нив велат дека Валтери Ботас ќе биде наследникот на четирикратниот светски шампион.
Иднината е обезбедена со ангажманот на талентираниот Чарлс Леклерк кој оваа сезона покажа дека ќе има светли моменти во Ф1 шампионатот.
Фетел по шест трки е на третото место во генералниот пласман со 55 бода заостанување зад лидерот Луис Хамилтон.