Преговорите пропаднаа, Фетел заминува од Ферари на крајот од сезоната

Фетел

Германскиот возач Себастијан Фетел ќе си замине од Ферари, откако светските медиуми пренесоа дека тој не успеал да се договори за нов договор со италијанската екипа.

Наводно проблемот бил должината на новиот договор. Четирикратниот светски првак барал долгогодишна соработка, а од екипата му понудиле продолжение од само една година.

Германецот е дел од Ферари од 2015 година, но во текот на периодот до денес не ги оправда очекувањата. Поради тоа тимот сега се насочи кон помладиот Чарлс Леклерс кому му се предвидува блескава иднина.

Фетел запиша 14 победи и 52 пласмани на пиедесталот во овие пет сезони бранејќи ги борите на Ферари.

Веќе се знае и главниот фаворит за негова замена. Тоа би требало да биде Шпанецот Карлос Саинц, а доколку екипата не успее да го договори него, тогаш ќе се насочи кон Даниел Рикиардо.