Познат новиот календар во Формула 1, отпадна култна патека

Светската автомобилска федерација го објави календарот за Формула 1 за следната сезона. 

Во следната сезона идентично како и во оваа ќе има 24 трки, но има една значајна промена. Од календарот ќе изостане култната Имола, односно трката за Големата награда на Емилија Ромања. Нејзиното место на календарот ќе го заземе новата трка која ќе се вози по улиците на Мадрид. 

Стартот на сезоната во Австралија е закажан на шести март. Оваа сезона ќе стартува на 6 март во Мелбурн, додека последната трка е на 6 декември во Абу Даби.

ФОТО/PHOTO: www.formula1.com