Пожар во боксот на Мекларен, три члена на тимот завршија во болница

Формула 1 тимовите се подгтовуваат да ги тестираат болидите во Каталонија, а незгода имаше во боксот на Мекларен, каде избувна пожар.

Поради засега непознати причини, пожар избувнал во боксот, но за брзо време истиот бил изгаснат.

Тројца членови на Мекларен веднаш биле префрлени во болница, а од тимот ја смируваат ситуацијата и велат дека немаат сериозни повреди и потенцираат дека тие се превентивно префрлени на прегледи.

Исто така, од Мекларен соопштуваат дека при пожарот, болидите не се оштетени.