Потврдена победата на Верстапен: Никој не е одговорен за инцидентот! 

Денешната Формула 1 трка која се возеше за големата награда на Австрија, може да се окарактеризира како една од највозбудливите оваа сезона. 

За првпат оваа сезона еден пилот на Мерцедес не заврши на првата позиција, а највисокото место на пиедесталот беше резервирано за младиот Макс Верстапен од Ред Бул. Холандскиот возач имаше неверојатна трка, особено во финишот откако на пет круга до крајот го претекна Чарлс Леклерк од Ферари, но имаше при овој обид имаше и мал судир. Сепак, стујардите решија да не казнат ниту еден од возачите кои учествуваа во овој инцидент. 

„По прегледувањето на снимките стјуардите донесоа одлука дека пилотот со болидот  број 33 се обиде да го престигне пилотот со болидот 16 во 69-от круг. Но, за време на нападот, болидот со број 33 беше рамо до рамо со болидот со број 16 и имаше целосна контрола врз болидот, обидувајќи се да стигне во внатрешниот радиус. Двата болида пробаа да прогресираат, но очигледно е дека немаа доволно простор и време. Токму заради тоа се случи контакт меѓу двете машини. Затоа, ние не веруваме дека некој од возачите е целосно или делумно одговорен за инцидентот. Сето тоа беше дел од трката”, пишува во соопштението на стујардите.

За Верстапен ова беше прва овосезонска победа, а втора во Австија, откако и на ланската трка беше најбрз.