Потврден календарот за наредната сезона, Ф1 фановите ќе уживаат во 22 трки

Ф1 календар

Сега и официјално, Формула 1 потврди дека наредната сезона ќе се возат рекордни 22 трки.

Шампионатот, како и секоја година, ќе тргне од Австралија во март, а ќе заврши со трката во Абу Даби во ноември. Во календарот се враќа Холандија, а единствен дебитант ќе биде Виетнам.

Потврда за календарот ќе се очекува на 4 октомври, од страна на Советот на Формула 1 шампионатот.