ФОТО: Поради новиот спонзор, црната боја новитет на болидот на Ферари! 

Еден од главните конкуренти за шампионската титула во најбрзиот циркус, тимот на Ферари денес го промовираше својот болид за сезоната 2019. 

Новиот болид го носи името „СФ90“, а интересно е тоа што на истиот повеќе доминира црната, отколку традиционалната црвена бола. Причината за тоа е поради новиот главен спонзор на тимот, компанијата „Mission Winnow". 

Во претстојната сезона, боите на Ферари ќе ги бранат Себастијан Фетел и Шалр Леклер, кои ја промовираа својата нова „играчка“. Сезоната од Формула 1 шампионатот започнува на 17 март, со трката за Големата награда на Австралија, која се вози во Мелбурн.