Поминаа пет години од смртта на Ники Хејден

Хејден

Ники Хејден, поранешниот Мото ГП шампион, на денешен ден пред точно пет години им подлегна на повредите со кои се здоби по тешката сообраќајна несреќа, како што беше соопштено од болницата во Чезена каде беше хоспитализиран. 

Несреќниот настан се случи во Римини, Италија, каде американскиот мотоциклист додека возел со својот велосипед, бил удрен од автомобил. Тој се здобил со тешки повреди во пределите на главата и градите и веднаш бил пренесен во најблиската болница, а потоа и во клиниката во Чезена, каде за жал ја загуби најважната битка во животот. 

Популарниот „Кентаки кид“ најголемиот успех го запиша во 2006 година, кога ја освои шампионската титула во Мото ГП. Американецот заврши на врвот и ја прекина петгодишната доминација на Валентино Роси.

Хејден има забележано 218 стартови и вкупно 28 победи во својата богата кариера.