Подвиг на Вуков: Од дното, до седмото место на „Марко Симончели“

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков имаше одличен викенд во Италија во рамки на Порше Карера Купот, на трката која се возеше на патеката „Марко Симончели“.

Рико заврши како четиринаесетти во квалификациите, а на првата трка имаше незгода и поради удар не успеа да заврши.

На втората трка стартуваше од 23-тата позиција, последна на патеката, но направи подвиг и на крајот успеа да заврши на осмото место, а со корекција на реузлтатите, во финалниот пласман беше на седмата позиција.

За Вуков ова беше втора трка во Порше Карера Купот кој се вози во Италија. Следната трка е закажана пред крајот на август на патеката „Имола“.