Почнува релито Дакар, стартот и целта во Џеда

Овој викенд почнува еден од традиционалните спортски настани на почетокот од календарската година, релито Дакар. Стартот и целта на трката ќе бидат во Џеда, а релито ќе трае до 15 јануари.

Вкупно 322 натпреварувачи ќе возат со автомобили, мотоцикли и камиони низ песочни дини и зафрлени пустински предели во Саудиска Арабија. Пријавени се Шпанецот Нани Рома, поранешен победник во конкуренцијата на мотоцикли и автомобили, трикратниот победник и бранител на титулата Карлос Саинц, како и деветкратниот светски првак во рели, Французинот Себастијан Леб. 

Откако изданието во 2008 беше откажано поради безбедносни закани, релито се пресели од Африка во Јужна Америка, а од оваа година првпат и во Азија.