Почнува државниот Ендуро шампионат, првата трка крај велешкото езеро

Престојниот викенд по тринаесетти пат во организација на МК Мото Велес, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија, ќе се одржи првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2023 година.

Натпреварувачите во овие два дена ќе возат две трки кои ќе се бодуваат посебно по денови.

Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина ќе се одржи на веќе познатата локација на велешкото езеро Младост. Најавени се гости од неколку земји а ќе се вози во неколку класи, Е1, Е2, Е3 и Е јуниор.