• Горан Упале
Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, славеше втора година по ред на спринтерската трка за Големата награда на Франција, петта трка сезонава во МотоГП шампионатот.
Шпанецот беше доминантен во Ле Ман, а во спринтот само продолжи во истиот ритам во кој е практично од почетокот на тркачкиот викенд.
Мартин на тој начин го забележа третиот триумф сезонава во спринт, со две секунди предност пред Марк Маркес, кој по лошите квалификации (тринаесетто место) и одличниот старт стигна до втората позиција. На третото скалило на подиумот беше Маверик Вињалес на Априлја.
Актуелниот шампион Франческо Бањаја се повлече во третиот круг поради дефект, кој следеше по лошиот старт, кога падна на петнаесеттата позиција.