Победа и лидерска позиција за Саинц

Карлос Саинц

Карлос Саинц е нов лидер на релито Дакар 2016. Шпанскиот возач на „Пежо“, победи на деветтата етапа и го презеде водството во генералниот пласман од Французинот, Стефан Петерхансел. 

53-годишниот Саинц помина одлична етапа и го искористи лошиот ден на Петерхансел. Шпанецот победи со 10 секунди предност пред Холанѓанецот, Ерик Ван Лун (Мини) и 17 секунди пред третопласираниот Финец, Мико Хирвонен (Мини).

Разликата помеѓу лидерот и второпласираниот во генералниот пласман сега изнесува 7 минути и 3 секунди. На третото место, Насер Ал Атија од Катар, заостанува 14 минути и 38 секунди.