По стапките на својот татко: Мик Шумахер потпиша за Академијата на Ферари

Синот на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, Мик и официјално стана член на Возачката академија на тимот на Ферари (ФДА), потврдуваат од еден од најголемите клубови во „најбрзиот циклус на светот“. 

Младиот Мик со Ферари потпиша тригодишен договор и заедно со Роберт Шварцман, Енцо Фитипалди, Калум Ајлот, Џулијано Алези, Маркус Армстронг и Џанлука Петекоф, ќе го учи овој „занает“, ќе собира искуство и ќе се надева на учество на Формула 1 шампионатот. 

„Одушевен сум. Навистина сонував еден ден да бидам во црвеното друштво на Формула 1, макар тоа било и во ФДА. Ова е само чекор напред во мојата кариера. Ферари има големо место во моето срце и затоа ќе сторам сè еден ден да седнам на тој болид и да го вкусам најголемото автомобилско натпреварување на светот“, рече Мик. 

Пред две сезони 20-годишниот Шумахер беше најдобар во Формула 3 натпреварување, додека ланската сезона имаше забележителен настап и во Формула 2.