Леклер по ДЕВЕТ години го врати Ферари на врвот на легендарната „Монца“!

По девет години пауза еден возач на Ферари се радува триумф на легендарната патека „Монца“, откако денес најбрз на трката за Големата награда на Италија беше младиот Шарл Леклер. 

Пилотот на Ферари, на 14-тата овосезонска трка во Формула 1 шампионатот, имаше фантастична настап, речиси цела трка на својот грб ги имаше големите ривали од Мерцедес, но во ниту еден момент не попушти и заслужено забележа голем триумф. 

Зад него ги остави големите ривали од Мерцедес, Валери Ботас и Луис Хамилтон, кои завршија на втората, односно третата позиција. 

Во генералниот пласман Хамилтон е сигурен лидер, пред Ботас и Верстапен. Следната Формула 1 трка се вози на 22 септември во Сингапур.