По четири светски титули и 53 победи, Фетел заминува меѓу легендите

На крајот на сезоната Формула 1 ќе остане без уште една легенда. Откако лани за крај се реши Кими Раиконен, оваа година од најбрзиот светски циркуз ќе се прости четирикратниот светски првак Себастијан Фетел. 

Германецот, кој во моментов вози за Астон Мартин, и тоа во подредена улога во однос на Ланс Строл, реши дека е време да ја заврши кариерата по крајот на сезоната. Името на Фетел ќе остане запаметено во овој мото-спорт, пред сè бидејќи со четирите титули е котира високо на „вечната листа“, има ист број трофеи со Алан Прост, пред нив е Фанџо со пет, додека Шумахер и Хамилтон се на врвот со по седум одличја. 

Фетел беше неприкосновен на стартот на втората деценија од овој милениум, ги освојуваше титулите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година, возејќи го својот болид во Ред Бул на максимално можно ниво. Германскиот возач на Астон Мартин оваа сезона нема конкурентен болид, има само 15 поени, а најдобар пласман имаше во Баку кога заврши шести. Во кариерата Фетел запиша 53 победи на трките, 57 пати стартуваше од пол позицијата и дури 122 пати беше на подиумот, последен пат лани, но потоа доби казна. Покрај тоа, Германецот дури 38 пати освојуваше дополнителен поен за најбрз круг и со сигурност е барем втор најдобар возач од својата земја, секако зад Михаел Шумахер. За жал оваа сезона тој нема болид да се бори на победи, па огромни се шансите дека ќе ја заврши кариерата со поставената бројка од времето во Ферари.

Фетел многу пати се наоѓаше на насловните страници на таблоидите, со својата харизма и интересни изјави често беше во центарот на вниманиети и Формула 1 ќе остане без својата легенда.