По четири децении возобновено авто-релито Охрид-две езера

АКК Примо Реисинг, Општина Охрид и Ресен под покровителство на градоначалникот и во соработка со Автомобилистичката Федерација и Агенцијата за Млади и Спорт по пауза од 40 години организираат меѓународно авто-рели Охрид - две езера. Авто релито е од меѓународен карактер и се бодува за мампионатот на Централно-европска зона, шампионатот на Македонија и шампионатот на Србија.

Стартот и целта на релито е во Охрид – кеј Македонија, а рутата на движење е преку Галичица до Стење со организација на посебни специјални испити во должина од 65 километри и вкупна должина на релито од 215 километри. 

Со организација на ваков тип на манифестација, прва од ваков тип по 1979 година, Охрид и Ресен ќе бидат центар на централна Европа во светот на автомобилизмот со што ќе придонесе за огромна промоција и поголема посетеност на охридско-преспанскиот регион во европски рамки.