• Иван Димовски
Пјер Гасли оваа сезона можеби не е многу конкурентен во тркачки план, ама на три трки пред крајот е на прагот да исполни нешто неверојатно.
Французинот кој вози за Алпин досега во оваа сезона не го чинеше својот тим ниту едно евро. Гасли немаше ниту еден судир, ниту еднаш не направи пукнатина на шасијата, немаше ниту дупната гума или скршено крило. Тоа е многу невообичаено, а досега ниту еден возач не успеал да заврши сезона без да направи било каква, барем најмала штета.
За паралела, тимскиот колега на Гасли во Алпин, Естебан Окон сезонава има штета од околу еден милион евра.
„Рекордер“ годинава е Серхио Перез, кој неколку пати го скрши својот болид и нанесе штета од речиси пет милиони евра.