Пиастри: Конечно сме на подиумот, трката во Кина беше одлична за Мекларен

Возачот на Мекларен, Оскар Пиастри, изјави дека е горд на победата на трката за Големата награда на Кина и смета дека триумфот бил потполно заслужен, упатувајќи благодарност до конструкторите и навивачите. 

Пјастри е задоволен од изданието во Кина и рече дека посакува што побргу да го заборави изданието на првата трка од новата сезона, која се возеше во Австралија. 

„Првата трка беше лоша за мене и тимот, но во Кина покажавме со каков квалитет располагаме. Беше одлично од почетокот, па до самиот крај. Болидот беше фантастичен.

Малку бевме изненадени од гумите и нивниот перформанс, но во целина сум презадоволен од ова издание. Среќен сум поради нашето присуство на подиумот, ова е важен ден за целиот тим. Благодарност до конструкторите и сите наши навивачи“, изјави Пиастри. 

Во генералниот пласман води Ландо Норис со 44 бодови, втор е Макс Верстапен со осум бода помалку, а потоа следуваат Џорџ Расел со 35 бода и Оскар Пиастри со 34. Формула 1 циркусот продолжува со трката за Големата награда на Јапонија, која ќе се вози на шести април.