Пирели ќе прави гуми по жалба на клубовите и возачите

Италијанскиот снабдувач со гуми Пирели изјави дека од наредната сезона својот производ ќе го прават по желба на клубовите од Формула 1 и нивните возачи.

Претседателот на Здружението на возачи, Алекс Вурц вели дека би сакал да види гуми, кои ќе имаат подолг живот, а на тоа првиот човек на италијанската компанија Мариа Исоле одговори: 

„Како што објавивме и претходно, ние ќе направиме гуми како што посакуваат нашите клиенти. Тоа ќе биде нивни избор. Доколку тие побараат гуми кои ќе траат повеќе, ние ќе мораме да се фокусираме на таа цел“.

Пирели покрај Формула 1 моментално со гуми снабдува дури 180 други првенства.