Пиастри убедлив во квалификациите за спринтот во Белтија, тројца дебитанти во топ десет

Оскар Пиастри ја освои пол-позицијата за спринт трката на култната „Спа Франкошамп“. 

Австралиецот со својот Мекларен беше доминантен, извозе најбрз круг со време 1:41,510 и убедливо ја остави конкуренцијата зад себе. Второто место во спринт-квалификациите му припадна на Макс Верстапен кој имаше 0,47 секунди побавно време, а трет ќе тргне Ландо Норис. 

Во вториот стартен ред се пласира уште Шарл Леклер, додека во топ десет се уште Окон, Саинц, Берман, Гасли, Хаџар и Бортолето. Катастрофални спринт-квалификации имаа возачите на Мерцедес, Расел ќе тргне 13. додека Антонели е последнопласиран. Во првиот круг квалификации елиминиран беше и Луис Хамилтон.

Спринтот в сабота е на програмата од 12:00 часот, а стандардните квалификации се во 16:00. Главната трка в недела е во терминот од 15:00 часот.

ФОТО/PHOTO: Formula 1/Twitter