• Иван Димовски
Оскар Пиастри ќе тргне од првата позиција на спринт трката за Големата награда на Бразил, откако заврши прв во квалификациите.
Австралискиот возач на Мекларен имаше најбрзо време, извозе круг со 1:08,899 и успеа да го победи својот тимски колега. Ландо Норис беше второпласиран откако „задоцни“ минимално и само 0,029 секунди.
Од третото место на спринтот ќе тргне Шарл Леклер пред шампионот Макс Верстапен, а петто најбрзо време имаше Карлос Саинц. Во топ десет завршија уште Расел, Гасли, Лосон, Албон и Берман, а лоши квалификации имаа Хамилтон и Перез.
Спринтот в сабота се вози во 15:00 часот, потоа од 19:00 се квалификациите, а главната трка в недела е во 18:00.