• Саше Љолес
Македонскиот автомобилист, Виктор Давидовски, го освои петтото место на првата трка која се возеше во белгискиот град, Золдер.
Давидовски на овој начин си обезбеди дополнителни 25 бодови од вториот натпреварувачки викенд, а неговиот матичен клуб, Монлау Мотоспорт“ со вкупно 208 бода и натаму се наоѓа на лидерската позиција во екипните пласмани.
За нашиот возач ова е седма сезона во европското ТЦР првенство, а следен предизвик ќе му биде трката која ќе се вози на новата патека во Салцбург, Австрија.