Петерхансел победник во четвртата етапа, Леб останува лидер

Стефан Петерхансел на релито Дакар 2016

Стефан Петерхансел е победник на четвртата етапа на релито „Дакар 2016“. Ова беше 66. етапна победа на легендарниот Петерхансел на сите претходно рели трки под името Дакар. Оваа етапа се возеше околу Хухуј со должина од 629 километри, од кои 429 километри се мереа за официјално бодување.

Двата други ветерани Леб и Саинц успеаја да ја намалат разликата во вториот дел од етапата, но не и да го минат Петерхансел. Леб остана лидер во генералниот пласман во конкуренција на автомобили. 

Жоан Бареда кај мотоциклистите го загуби водството, но победи на четвртата етапа со 1:49 предност пред Пауло Гонсалвес за да се врати на врвот. Организаторот сепак се реши да му даде казна од пет минути поради пребрзо возење и сега падна на третото место во генералниот пласман со 3:03 послабо време од Гонсалвес. Аргентинецот Кевин Бенавидес е втор во бодувањето за генералниот пласман.