Петерхансел и Прајс пред победа на релито Дакар

Тоби Прајс на релито Дакар

Насер Ал-Атијах стигна до втората етапна победа на Дакар релито оваа година, но Стефан Петерхансел има огромна предност и се наоѓа пред промоција во победник во конкуренција на автомобили. 

Катарецот Ал-Атијах го победи Леб, кој ја заврши етапата, откако неговиот колега Сирил Деспре го влечеше до финишот откако неговиот автомобил застана. 

11. етапа во должина од 431 километар од Ла Риоха до Сан Хуан му оди во прилог и на Тоби Прајс кај мотоциклистите. Тој во вториот настап на најтешкото рели на светот го зголеми водството откако Антоан Мео стигна до втората етапна победа, а Португалецот Пауло Гонсалвес испадна.

Прајс со предност од 35 минути и 32 секунди предност пред Словакот Штефан Свитко е исто така блиску до финална победа.