Петерхансел го возврати ударот и го презеде водството во севкупниот пласман

Стефан Петерхансел на релито Дакар 2016

Стефан Петерхансел на Пежо е победник на шестата етапа од релито Дакар во боливискиот град Ујуни во должина од 542 километри. 

Французинот имаше 17 секунди подобро време од Карлос Саинз од Шпанија додека третото место му припадна на Јазид Ал Раџи од Саудиска Арабија. Петерхансел изби на чело во генералниот пласман со 27 секунди подобро вкупно време од Себастијан Леб.

Во конкуренција на мотори првото место му припадна на Тоби Прајс од Австралија пред Матијас Валкнер од Австрија. На третата позиција заврши Пауло Гонсалвеш на Хонда. Токму Гонсалвеш води во генералниот пласман со 35 секунди предност во однос на Прајс, а трет со заостанување од 2:50 секунди е Валкнер.