• Сашо Поповски

Французинот Стефан Петерхансел е победник на денешната десетта етапа на релито Дакар. Тој го искористи откажувањето на Карлос Саинц и повторно изби на првото место во генералниот пласман.
Етапата се возеше од локалните места Белен и Ла Риоха. Францускиот возач, кој вчера беше под закана од санкција, заради нелегално возење во вчерашната етапа, зад себе го остави сонародникот Деспре, кој заостана со 5 минути и 40 секунди. На третото место заврши јужноафриканскиот возач Де Виље со заостанување од 26 минути и 16 секунди.
Карлос Саинц најпрво целосно беше отпишан од понатамошно натпреварување на релито, но последните информации кажуваат дека Шпанецот чека асистенција, што може да го врати во трката.
Етапа 10:
1. С. Петерхансел (Фра/Пежо) 3:58:32
2. Ц. Деспре (Фра/Пежо) +5:40
3. Г. Де Виље (ЈА/Тојота) +26:16
4. М. Корбе (ЈА/Сентури) +39:16
5. Н. Ал-Атија (Кат/Мини) +52:25
6. М. Хирвонен (Фин/Мини) +56:04