Перез сè уште е инфициран, нема да вози ниту на втората трка на Силверстоун

Серхио Парез нема да вози ниту на втората трка во Силверстоун, бидејќи сè уште не е излечен од коронавирусот. 

Откако минатиот викенд на патеката го замени Нико Хулкенберг, но искусниот возач не тргна на стартот, бидејќи му откажа моторот, сега Германецот ќе има „поправен испит“ на култната трка. 

Викендов ќе биде прославена 70 годишнината од Формула 1 со второто возење на легендарната патека. За жал на Рејсинг Поинт, Мексиканецот одново нема да биде во гридот за трката на Силверстоун. 

Од тимот и таборот на Перез, се надеваат дека тој ќе оздраве до трката во Шпанија и конечно ќе се врати во розевиот болид.